Петар Печков
Објавено: сабота, 05 мај 2012
Необјасниво велешанки го загубија првиот натпревар во борбата за титулата првак на Македонија во одбојка. Домаќинките победија со 3:1, иако Форшпед поведе со 1:0 во сетови 25:18 а во вториот с ет водеше со високи 19:12, па со 23.21 за да загубат со 25:23 и скопјанки израмнат на 1:1.. Потоa необјасниво велешанки застанаа и Форца Волеј поведе со 2:1 - 25:21 а во четвртиот сет велешанки се предадоа 25:10.
Форшпед покажа дека може да стигне до првото славје и титулата , има квалитет, но треба да се работи на психолошката подготвеност, оти кога се губи, велешанки не знаат да сопрат. Втората средба се игра во Велес, в вторник во салата Гемиџии а се игра подобар од пет натпреври.
Скопјанки имаат предност да играат натпревар повеќе на домашен терен, поради подобрата сет разлика во првенството иако двете екипи славеа по два пати во меѓусебни натпревари.
Tweet |